(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во кујната а да имате домашен колач ова се рецептите за вас…

Шушкавец
Потребно е: 4 јајца, 200 г шеќер, 100 мл масло, 200 г брашно + 1 лажица, 1 лажица какао, 1/2 кесичка прашок за печиво, 100 г суво грозје, 100 г млечно чоколадо, 50 г лешници
Подготовка:изматете ги жолчките со 100 г шеќер, па додајте млеко, масло, какао измешано со брашното и печивото, се убаво изедначете.
Истурете во плех намачкан со масло и наросен со брашно, или обложен со хартија за печење. Печете околу 15 минути во рерна загреана на 200 степени.
Изматете ги белките со остатокот шеќер, сувото грозје и 1 лажица брашно. На печениот бисквит нанесете ја смесата од белки и нафрлете ги сечканите лешници. Вратете во рерна, намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 25. минути. Испечениот колач полијте го со истопеното чоколадо, оставете убаво да се излади и послужете.

Мраморен колач
Потребно е: 4 јајца, 220 г брашно, 150 г путер, 200 г кисела павлака, 20 г какао (2 големи лажици), рендана коричка од 1 лимон, малку рум, малку сол, 150 г шеќер, 1 кесичка прашок за печиво и ванилин шеќер.
Со мискер се’ лесно изматете, беа какаото. Одвојте 2/3 од смесата и вмешајте го какаото, а 1/3 оставете во садот.
Калапот за печење намачкајте го со путер и наросете со брашно па на дното ставете од белиот дел, лажица по лажица, па преку него темен и така по ред, да ги потрошите двете смеси. На крај се’ убаво протресете. Печете 50 до 60 минути во рерна загреана на 200 степени.
Испечениот и изладен колач превртете го на чинија и наросете со шеќер во прав во кој сте додале ванилин шеќер.

Izvor: Kod bake u gostima

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) 5. напитоци кои се пијат пред спиење: Додека спиете, црниот дроб се чисти, килограмите се топат, телото се подмладува!

Овие производи совршено го чистат црниот дроб и ги топат масните наслаги. За да го …