(ВИДЕО) ХРАБРО – ШВЕЃАНИТЕ СЕ СРОТИВСТАВУВААТ НА СВЕТОТ: Иако расте бројот на заболени од корона, еве што велат за задолжителната употреба на маски!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот пристап, не планира „заклучување“ и построги мерки за борба против епидемијата отколку што може да се забележат во другите европски земји.
По падот во јули и август, Шведска бележи постојан пораст од средината на септември. Иако многу европски земји повторно воведуваат драконски мерки како што се делумно „заклучување“ и полициски час за спречување на ширењето на коронавирусот, Шведска само го прилагодува својот поблаг пристап со воведување насочени мерки, иако со 5.930 жртви е една од земјите со најмногу смртни случаи по глава на жител.
Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70. километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија есента.
На локалното население му се препорачува да избегнуваат јавен превоз и средби со луѓе надвор од нивното домаќинство до 3. ноември.


“Луѓето можат да се придржуваат до такви строги препораки само за ограничено време, а времето е од суштинско значење. Не треба да се започне премногу рано и не треба да се чека премногу долго. Се надеваме дека ова е добро време”, изјавил епидемиологот Андерс Тегнел.
Нордиската земја објави и ограничувања за ноќните клубови. „Забавата во ноќните клубови заврши и тоа мора да остане така онолку колку што е потребно“, рекол премиерот Стефан Лофвен.
Шведска сè уште е една од ретките земји во светот што не препорачува носење маски затоа што верува дека маските нудат лажно чувство на безбедност и ги поткопуваат напорите на физичка оддалеченост.
Во главниот град Стокхолм, секојдневието е скоро исто како порано. Локалните жители шетаат низ градот и застануваат во кафулињата, рестораните и продавниците што останале отворени низ целата пандемија.
Иако медиумите повремено објавуваат фотографии од гужви во градски автобуси и ресторани, едно официјално истражување покажало дека 80. проценти од Швеѓаните го смениле однесувањето заради препораките.

Швеѓаните работат од дома и имаат ограничен физички контакт, иако нема казни или санкции за непочитување на препораките.
Во областа Содермалм во Стокхолм, каде велосипедисти и пешаци брзаат на работа наутро без маски, локалниот Роџер Палмквист за АФП изјавил дека верува во шведскиот пристап, но признава дека тој нема да функционира насекаде.
„Ништо не ве тера, но Швеѓаните се такви, знаете, тие ги почитуваат правилата“, рекол 60-годишниот капетан на морнарицата.
Во четвртокот, владата ја укинала својата специјална препорака за изолација на лица над 70 години и ризични групи, што е во сила од април.
Се стравува дека тие биле премногу изолирани и може да бидат депресивни и осамени. Од овие групи било побарано да избегнуваат продавници, јавен превоз и поголеми собири.
На почетокот на овој месец, владата ја укина забраната за посета на домови за стари лица и изнемоштени лица, што беше едно од ретките ограничувања во пандемијата.
Јавните собири на повеќе од 50. лица беа забранети кон крајот на март, но владата во четвртокот објави дека сега ќе има до 300. луѓе на културни и спортски настани доколку може да се почитува физичката оддалеченост.
Иако анкетите покажуваат дека повеќето Швеѓани го поддржуваат овој пристап, шведската стратегија е критикувана дома и во странство.


Некои ја обвинија Шведска дека со руски рулет си игра со животот на граѓаните на почетокот на пандемијата бидејќи бројот на жртви значително го надмина бројот во соседните земји, што воведоа многу построги мерки.
Неодамна, во медиумите се дискутираше за шведската политика за лекување, според која болните пациенти, претежно постарите лица со хронични болести, се сметаат за премногу слаби за интензивна нега.
Властите, во меѓувреме, повеќе пати нагласиле дека шведската стратегија е избрана за справување со „маратон, а не спринт“.
Јохан Карлсон, директор на Шведската агенција за јавно здравје, смета дека затворањето и отворањето на Европа „не е патот напред“.
„Нашата филозофија е да создадеме ситуација кога ќе можете да живеете релативно нормално со постоечките ограничувања“, рекол Карлсон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) 5. напитоци кои се пијат пред спиење: Додека спиете, црниот дроб се чисти, килограмите се топат, телото се подмладува!

Овие производи совршено го чистат црниот дроб и ги топат масните наслаги. За да го …