(ВИДЕО) Објавена цела снимка од адвокатот на Трамп со раката во панталони, Борат грмел:„Таа има само 15. години!“

Продолжението на Борат од вчера е достапно на Amazon Prime, а на Твитер веќе се појави видео од целата сцена што предизвика најголемо внимание последните денови. Саша Барон Коен го наместил поранешниот градоначалник на Њујорк и денешен адвокат на Трамп, Руди Џулијани и го фатил со рака во панталоните, а сцената предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
По измисленото интервју за пандемијата на вирусот Корона, Марија Бакалова, која игра конзервативен репортер, по разговорот го одвела 76-годишниот Џулијани во хотелска соба. Таму тој божем случајно легнал на креветот и ја турнал раката во панталоните, пред Коен да влезе во собата.

„Таа има 15 години, ти си премногу стар за неа“, викал Коен, преправајќи се дека Бакал е неговата ќерка Тутар. Џулијани подоцна истакнал дека тој е „целосно облечен во секое време“ и додал дека само ја вовлекувал кошулата во панталоните. Еве ја целата сцена.

На профилот на Борат, денес се појави неговата „официјална реакција“, во која Борат „го брани градоначалникот Рудолф Џулијани“. Тој вели дека злобните медиуми за „лажни вести“ ја претвориле невината секси средба помеѓу Џулијани и 15-годишната ќерка на Борат во нешто одвратно, а реакцијата веќе ја гледале повеќе од милион и пол луѓе.

Кабинетот на Џулијани одбил да коментира за инцидентот пријавен во полиција уште во јули. Џулијани пријавил во полиција дека непознат, чудно облечен маж упаднал во неговата соба.
„Човекот влезе трчајќи, во луда облека, би рекол дека тоа е розов транссексуален начин на облекување. Носеше розово бикини“, пишува во извештајот на адвокатот на Трамп.
Џулијани додал дека дури подоцна сфатил дека е познат комичар. Сцените ќе бидат прикажани во филмот Борат 2.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРВИ НА СВЕТОТ – Во Русија започнало вакцинирањето против корона вирусот

Граѓаните можат да аплицираат за вакцинација преку Интернет и можат да обезбедат бесплатен термин на …