(ВИДЕО) Некогаш се подготвувале вакви десерти: Колач на Тито

Потребно е:
Бисквит:4 јајца, 200 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви или лешници, 5 лажици варено црно кафе-ладно, 5 лажици, полни, брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 3 лажици масло.
Фил: 400 мл млеко, 5 лажици, полни, брашно, 2 жолчки.
Втор фил: 200 г маргарин, 10 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г истопено чоколадо, 3 лажици мелени ореви.
Подготовка: бисквит: одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките. Во жолчките додајте шеќер и убаво изматете, додајте масло, кафе, вмешајте брашно со печиво и оревите, се’ лесно измешајте и на крај поврзете со изматените белки. Смесата истурете ја во правоаголна тава намачкана со масло и наросена со брашно, и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 30. минути.
Прв фил: изматете ги жолчките со брашното и додајте во врелото млеко па сварете густ крем. Тргнете на страна, покријте со прозирна фолија и оставете да се излади.
Маргаринот изматете го пенесто со шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте го ладното истопено чоколадо и оревите. Поврзете со првиот фил да добиете воздушест крем.
На кората нанесете го филот, израмнете и нафрлете мелени ореви и рендано чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве кои намирници помогнуваат да се намали холестеролот!

Храната има директно влијание врз многу аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето на срцето. …