(ВИДЕО) ГО ВИКААТ ЗАСПИЕНИОТ ПРИНЦ – ПРВПАТ ЈА ПОМЕСТИЛ РАКАТА: Саудискиот принц веќе 15. години е во кома а сега реагирал на гласот на својата сопруга!

Саудискиот принц, Ал-Валид бин Калид Ал-Сауд, кој е во кома веќе 15. години, започнал да ја движи раката.
Семејството го снимало како ги крева прстите додека жената го поздравува.
„Здраво, Диди здраво, здраво да видам, здраво“, вели таа додека принцот мавта со прстите.
„Уште еден, уште еден, повисоко, повисоко“, додала таа, по што принцот ја кренал целата рака од креветот.

Видеото го споделиле, меѓу другите, саудиската принцеза Нора бин Талал Ал-Сауд.
Принцот Ал-Валид е во кома од 2005. година по сообраќајна несреќа во која претрпел крварење во мозокот. Тогаш студирал на воениот колеџ.
Тој е приклучен на апарати за дишење 15. години, а последното физичко движење било пред пет години.
Неговиот татко, принцот Калид бин Талал, инаку брат на тајкунот принц Ал-Валид бин Талал, никогаш не престанал да верува дека неговиот син еден ден целосно ќе се опорави.
Принцот Калид бил меѓу членовите на саудиското кралско семејство кои биле затворени 11. месеци за критикување на репресијата врз кралската елита.
Десетици принцови, службеници и тајкуни биле затворени во хотелот Риц-Карлтон во Ријад во 2017. година.
Следната година принцот Калид повторно бил уапсен, а неговиот син станал познат во земјата како „принц кој спие“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) 5. напитоци кои се пијат пред спиење: Додека спиете, црниот дроб се чисти, килограмите се топат, телото се подмладува!

Овие производи совршено го чистат црниот дроб и ги топат масните наслаги. За да го …