(ВИДЕО) Бивш ММА борец убиен во ресторан во Дагестан

Поранешниот ММА борец,Шамил Абдулмуслимов, е убиен во Дагестан, пренесува „База“, а пренесува рускиот портал „Чемпионшип“.
Поранешниот спортист (35) го загубил животот во пукање во ресторан во градот Касавијурт.
Според информациите до кои дошле руските медиуми, Абдулмуслимов влегол во конфликт со семејството Мурадисов поради нерасчистени сметки во врска со сопственоста на парцела земја.
Набргу по кавгата, Мурадисов и неговиот син го напуштиле барот, но по некое време се вратиле и го застрелале Абдулмуслимов, по што следел судир со група гости кои седеле во барот за време на убиството.
Осомничените за злосторството не се криеле од полицијата, а полициските службеници ги уапсиле на местото на злосторството.
Шамил Абдулмуслимов последен пат се бореше во 2013. година, најпознат ривал му беше Шамил Абдурахимов, кој сега е член на УФЦ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ѓоковиќ тешко го поднел масакрот во Цетиње, се огласил со емотивна порака

Новак не останал нем за грозоморното злосторство.Целиот регион го потресе страшното злосторство во Цетиње, Црна …