(ВИДЕО) АПЕЛ – „ЛУЃЕ, КОРОНАТА НЕ Е ЧУМА“: Италијански виролог застанал против хистеријата во врска со панедмијата на КОВИД – 19: Новиот карантин би бил смртоносен!

Италијанскиот виролог Џорџо Палу изјавил дека вирусот корона е опасен, смртоносен за некои, но дека, генерално, смртноста е ниска и, секако, не е на ниво на чума.
„Ние мора да престанеме со оваа хистерија“, рекол Палу во интервју за дневниот весник „Кориере дела сера“, кој се смета за главен гласник на големите индустрии.
Тој предупредил дека новиот карантин на целата територија на Италија ќе биде „самоубиство за економијата, казна за студентите и учениците и ќе значи дискриминација на оние кои страдаат од други болести, пред се од карцином, бидејќи за нив нема да има место во болниците“.


Палу, професор на Универзитетот во Падова и поранешен претседател на Европската асоцијација на виролози, рекол дека „состојбата во единиците за интензивна нега е веродостоен индикатор за инфекција со ковид-19, бидејќи само тие податоци даваат реална слика за инфекцијата“.
Неговиот став за епидемиолошката состојба е во јасна спротивност со апелите испратени до владата овие денови од научници и јавни работници, но и со наодите на две институции кои се сметаат за врховен орган за здравството, Министерството за здравство и Високиот институт за здравство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИК ШТО ГИ СПАСУВА БРАКОВИТЕ: Одвојте само пет минути дневно, доволно е…

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста …