Арнолд Шварценегер се јавил од болничкиот кревет

Ѕвездата на акционите филмови, Арнолд Шварценегер, изјавил дека бил подложен на операција на срцето, но се чувствувал „фантастично“.
„Имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд”, објави актерот и поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер во петокот.
Шварценегер (73) исто така објави фотографија од болничкиот кревет од клиника во Кливленд и им се заблагодари на вработените во болницата.

Актерот, кој е роден со срцева мана, беше подложен на итна операција на отворено срце во 2018. година кога му беше заменет залистокот.
Шварценегер се прослави во 80-тите години од минатиот век со улогите во акциони филмови како „Терминатор“ и „Конан Варваринот“, но и во комедии.
Во 2003 година, тој беше избран за гувернер на Калифорнија. По крајот на мандатот во 2011. година, тој се врати на филмовите, појавувајќи се во „Платеници 2“ и во продолжението на „Терминатор“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …