АЛЧНА НЕВЕСТА ГИ ШОКИРАЛА ЗВАНИЦИТЕ: Видете што барала од гостите!

Двојката требало да се венча за два месеци, а на гостите им порачале дека се надеваат дека коронавирусот нема да ги спречи да дојдат – затоа што ги сакаат своите пари.
Луѓето оваа невеста ја нарекле површна затоа што таа се обидела да ги натера гостите што ќе дојдат на нејзината венчавка да и дадат 30.000 фунти (скоро 2 милиони денари) – за да можат таа и нејзиниот вереник да ја финансираат свадбата, но и кралскиот меден месец.
Својата идеја ја споделила на Фејсбук, а објавата подоцна се прошири и на „Редит“, каде брзо станала вирална. Идната невеста, според тоа, се обидува да ги убеди семејството и пријателите да и дадат пари за да можат таа и нејзиниот невенчан сопруг да уживаат и да патуваат низ Европа.
Ви се радуваме, но повеќе на вашите подароци
Двојката требало да се венча за два месеци, а на гостите им порачале дека се надеваат дека вирусот корона нема да ги спречи да дојдат – затоа што ги сакаат своите пари.
„Се надевам дека одлично ќе се снајдете и дека ќе ги подготвиш сите свадбени подароци, своите пари и одличните подароци за домаќинството … Навистина едвај чекаме сите да ве видиме, но исто така примаме и подароци“, напишала, меѓу другото, анонимна девојка.
Таа исто така потврдила дека некои луѓе се откажале од доаѓањето поради вирусот корона, а имала и порака за сите оние кои размислуваат да го сторат истото и самите.


Ама, кој би сакал да пропушти ваков спектакл?!
„Ова е лошо затоа што имаме минимална цел за износ од 30.000 фунти. Дами и господа, повеќето од овие пари ќе ги покријат трошоците за неверојатната венчавка. Помислете на целата храна, пијалок и забава што ќе ги имате… “, објаснила таа во објавата.
Невестата е толку решена во намерата што дури осмислила и награди за подарување пари, кои се движат од благодарница па до долната облека на невестата. Оние кои посебно „ќе се испрсат“ ќе добијат еден викенд поминат со парот во Европа.

Луѓето се згрозени и не штедат на критики
Многумина го осудиле ова однесување и нејзините бизарни барања, нагласувајќи дека таа не е единствената која се бори со проблеми поради вирусот корона и дека секако е тешко за гостите да донираат толку многу пари.
„Фасциниран сум од тоа како ваквите луѓе воопшто имаат пријатели“, „Ова повеќе личи на нешто што некој би го објавил на платформатаOnly Fans, а не за сопствените пријатели и семејство“, „Да, парите на сите ни растат на дрво“, се само некои од коментарите од згрозените корисници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) 5. напитоци кои се пијат пред спиење: Додека спиете, црниот дроб се чисти, килограмите се топат, телото се подмладува!

Овие производи совршено го чистат црниот дроб и ги топат масните наслаги. За да го …