ХРАБРА ЖЕНА – Популарна инфлуенсерка пукала на провалниците и го спасила семејството

Популарната инфлуенсерка и модел на Инстаграм, Енсли Пачеко, го спасила своето семејство од маскирани напаѓачи кога зграпчила пиштолот и започнала да пука кон нив.
Имено, вооружени провалници влегле во нејзиниот дом на Флорида и ги „изненадиле“ сопругот и синот додека гледале телевизија.
„Додека бев во спалната соба, слушнав дека нешто се случува, а потоа јасно ги препознав зборовите „Секој долу, долу, дај ми се што имаш“, се присетила Енсли за странските медиуми.
И тогаш инфлуенсерката отишла до шкафчето, го зела пиштолот и ја отворила вратата, пренесуваат странските медиуми.
„Видов еден од крадците многу близу до мене, тој тогаш ми рече да го спуштам пиштолот. Само одмавнав со главата и реков: Не ме убивај, мојот син е тука“, додала Енсли.
Меѓутоа, во одреден момент имало пукање, а провалниците однеле часовници и накит.
„После тоа, тие само исчезнаа. Мојот сопруг истрча по нив, зема пиштол и пукаше во возилото со кое избегаа“, изјави инфлуенсерката за странските медиуми.

За среќа, никој не е повреден.
„Едноставно, знаев дека морам да направам нешто, мојот прв инстинкт беше да грабнам пиштол и да одам да ги бранам сопругот и синот“, рекла таа во интервју за странски медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Гледате ли зошто овој човек станал хит на Фејсбук?

На Фејсбук страницата „Prometne zgode i nezgode“ е објавена фотографија која предизвикала чудење меѓу нивните …