(ФОТО) Ќерката на кралот на рокенролот го прекинала молчењето после смрта на синот Бенјамин:„Моето срце и душа си заминаа со тебе!“

Бенџамин Киуг, трагично починатиот внук на кралот на рокенролот, Елвис Присли, во средата би наполнил 28. години. По повод овој тажен датум, првпат по неговата смрт во јули годинава, зборуваше неговата скршена мајка Лиза Мари Присли.
Присли сподели фотографија од нејзиниот син на Инстаграм со роденденска торта пред Бенџамин, а во пораката открива колку болка трпи од неговата загуба.


„Мојот прекрасен ангел. Ја обожував земјата по која одеше, на оваа Земја и сега на небото. Моето срце и душа ги нема со тебе. Длабочината на болката нема дно и без тебе ме гуши секој ден и секој момент. Никогаш повеќе нема да бидам иста. Те молам, почекај ме љубов моја, и подај ми ја раката додека останам тука за да ги заштитам и израснам твоите мали сестри и да бидам тука со Рајли (постарата сестра на Бенџамин, заб.на aвт.). Знам дека тоа би била твоја желба“, напишала скршената Лиза Мари Присли и додала: Среќен роденден мое слатко момче. Беше премногу добар за овој свет“.

27-годишниот Бенџамин Киуг почина во јули од последиците од самоповредување во неговиот дом во Калабасас, а смртта на неговиот син ја остави мајка му Лиза Мари Присли „скршена, неутешна и уништена“.
„Таа го обожаваше тоа момче. Тој беше љубовта на нејзиниот живот“, изјавил за медиумите во тоа време менаџерот на Лиза Мари, Роџер Видиновски.
Бенџамин пораснал со постара сестра, 31-годишната актерка Рајли Киуг, а Лиза Мари од бракот со гитаристот Мајкл Локвуд има и 11-годишни близнаци Финли и Харпер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Имате стан од 30. квадрати и немате идеја како да го опремите? Оваа жена нашла решение!

Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би …