(ФОТО) Славната глумица во долна облека ја крева свеста за рак на дојка

Мелани Грифит  (63) објави фотографија на Инстаграм каде седи на работ од кадата во нејзината бања во розова долна облека со коса завиткана во пешкир. Ова издание на познатата актерка ги воодушеви нејзините бројни обожаватели, но и нејзините колеги.
„Уа мама“, и напиша Џејми Ли Кертис.
„Изгледаш убаво“, прокоментирала Румер Вилис, ќерка на Брус Вилис и Деми Мур.

Иако собрала комплименти, нејзината цел била да ја подигне свеста за ракот на дојка и да собере пари потребни за истражување на терапии и лекови. Долната облека што ја избрала за фотографијата е исто така важна, бидејќи е дел од линијата од чија продажба ќе бидат исплатени средства за работата на организациите кои се занимаваат со таа малигна болест.
Мелани од три брака има три деца. Нејзината постара ќерка Дакота Џонсон глумеше во филмот „50 нијанси сиво“, а нејзината мајка е актерка од златното доба на Холивуд, Типи Хедрен, кој се уште е во добра здравствена состојба и е во добра форма на 90-годишна возраст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Велика Британија ја одобрила употребата на вакцините на Фајзер и Бионтек

Тим од Оксфорд разви една од најуспешните вакцини против ковид 19 Велика Британија ја одобри …