(ФОТО) Кучка донела на свет младенче со зелено крзно

Италијанскиот фармер Кристијан Малочи не можел да им верува на своите очи кога една од неговите осум кучиња родила кученце со зелено крзно.
Малото куче, веднаш наречено Фистацио, било дел од легло од пет кучиња родени на 9. октомври – сите со бело крзно, иста боја како и нивната мајка.
Освен него.
Малочи со својот зет управува фарма на медитеранскиот остров Сардинија.
Исклучително ретко е кучето да се роди со зелено крзно.
Се претпоставува дека ова се случува кога кутрињата во бледа боја во мајчината матка доаѓаат во контакт со зелен пигмент наречен биливердин. Тоа е истиот пигмент што предизвикува зелена боја кај модринки.
Сепак, необичната боја на Фистацио нема да трае вечно. Светло зелената боја што ја имаше неговото крзно на денот на неговото раѓање, од ден на ден исчезнува и тоа ќе продолжи додека кутрето расте.
Додека неговите браќа и сестра ќе бидат посвоени од некој, Малоши ќе го чува Фистацио на неговата фарма и ќе го обучува да се грижи за овците со неговата мајка.
Малочи рекол дека во овие тешки периоди на пандемија на коронавирусот, зелената боја е симбол на надеж и среќа, и откакое роден малиот Фистацио, измамува насмевка на лицата на луѓето.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Младоженец со нога ја удрил невестата по глава:„Како ја уништил венчавката“

ЕДНА невеста на ТикТок се пожалила дека нејзиниот сопруг ја уништил нивната венчавка со кореографијата …