„Теретана“ се прогласила за црква за да избегне затворање

Популарната спортска сала во Краков, Полска, успеача да остане отворена и покрај новите мерки против ширењето на коронавирусот, прогласувајќи се за продавница во која луѓето можат да „тестираат“ опрема за одредена сума, но и црква која нуди „верски состаноци“ за промовирање на здрав начин на живот.
За време на викендот, полицијата во Краков влегла во фитнес центарот „Атлантик спортски фитнес џим сквош клуб“, каде десетина луѓе вежбале и покрај забраната на владата за работа на теретаните. Полицијата ги идентификувала вработените и посетителите, но не издавала казни затоа што претставниците на салата тврделе дека сè е легално.
Со оглед на тоа што компанијата веќе има деловна класификација што и овозможува вршење на услуги за малопродажба, „Атлантик Спортс“ се прогласил за продавница во која луѓето можат да влезат и да тестираат опрема за фитнес за одредена сума.
„Не сакам дупки во законот, но немаме друг избор“, рекла директорката на салата, Марта Хамроз.
„Не знам зошто тие удираат на фитнес-индустријата кога црквите се отворени и трговските центри се отворени; одлуката е против секоја логика и не можам да ја разберам“, додала таа.
„Во моментов проверуваме дали сè е во согласност со прописите“, изјавил полицискиот службеник за Sportowefakty. „Одлука за можни санкции сè уште не е донесена“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …