ПРВА ДАМА НА САД -МЕЛАНИЈА СЕ ПОЈАВИЛА НА ЗАВРШНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ДЕБАТА: Прв пат во јавност откако „ја победи“ короната, носела и заштитна маска

Сопругата на претседателот и претседателски кандидат Доналд Трамп, Меланија, се појави на претседателската дебата, првпат во јавноста по веста дека има вирус корона на крајот на септември.
Таа и нејзиниот сопруг се појавија во Тенеси, каде се одржа третата, последна дебата меѓу Трамп и неговиот противкандидат, демократот Џо Бајден, пренесува „Фокс њуз“.


Г-ѓа Трамп го привлекла вниманието во црн фустан, а за време на дебатата носела црна заштитна маска.
Минатата недела беше објавено дека таа е негативна во однос на вирусот корона, но сепак не се појави на предизборниот митинг на нејзиниот сопруг одржан пред два дена затоа што, според нејзиниот тим, ги чувствувала последиците од вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРВИ НА СВЕТОТ – Во Русија започнало вакцинирањето против корона вирусот

Граѓаните можат да аплицираат за вакцинација преку Интернет и можат да обезбедат бесплатен термин на …