Повеќе нема да знаете за несоница: Со оваа воена техника ќе заспиете за 2. минути!

Кога ќе ја совладате оваа техника, ќе можете да дремнете насекаде, а тоа ќе го подобри вашиот квалитет на живот
Некои луѓе имаат потешкотии со спиењето, што може да биде последица на стрес, начин на живот, но и други фактори.
Бидејќи доволно спиење многу влијае на квалитетот на животот, ако ни недостасува сон, ќе бидеме полошо расположени, исцрпени и ќе ни биде потешко да ги извршуваме секојдневните активности.
Но, постои една техника осмислена од американските борбени пилоти во Втората светска војна за да не се прават погрешни одлуки со можни фатални последици поради несоница.
Откако американската војска заклучила дека пилоти-ловци носат лоши одлуки кога не спијат добро, тие го ангажирале поморскиот полковник Бад Винтер за развој и тестирање на научно дизајниран метод за „учење“ на спиењето, пишува Business Insider.
Винтер бил успешен спортски тренер на колеџи и работел со професор по психологија за да осмисли техники кои им помагаат на спортистите полесно да се релаксираат и да го издржат притисокот.
Неговиот трик одлично се одразил и на пилотите. По само шест недели вежбање дури 96 проценти од нив заспале во рок од 120 секунди, без оглед на пукањето, конзумирајќи кафе пред спиење. Интересно е што некои пилоти успеале да заспијат во седечка положба.


Затоа, ние ви покажуваме што треба да направите за да заспиете во еден момент.
Сместете се удобно
Ако сте во кревет, ова ќе ви биде лесно. Но, ако сте надвор, сместете се во најудобна позиција. На пример, ако сте во автомобил, спуштете го седиштето, а ако сте во канцеларија, седнете на најудобното столче.
Опуштете го лицето
Клучниот дел од овој трик е да го опуштите лицето. Нашето лице има 43 мускули и преку нив телото „разбира“ дали сме под стрес.Кога целосно ќе го релаксираме лицето, испраќаме физиолошки знак на телото дека сè е во ред и дека можеме да спиеме.
Затворете ги очите и опуштете го целото лице – челото, јазикот, образите и вилицата. Тогаш ќе забележите како дишењето природно се забавува. После тоа, опуштете ги очите што имаат шест мускули.
Ослободете ја напнатоста почнувајќи од рамената
Затегнете ги рамената и опуштете ги најдобро што можете, како да паѓаат кон вашите нозе. Опуштете ги мускулите на задниот дел на вратот.
Длабоко вдишете и полека издишете, па ќе ги избркате насобраните напнатости. Повеќето луѓе ја задржуваат напнатоста во рамената, вратот и вилицата. Потоа, преминете на вашите раце.
Почувствувајте дека стануваат се потешки и опуштете се, почнувајќи од вашата доминантна страна (десно ако сте десни, и лево ако сте левак)
Започнете со бицепсот и почувствувајте го како да се релаксира. Ако не се опушти, затегнете го што е можно посилно и опуштете се.

Конечно, опуштете ги нозете.
Почувствувајте како се опушта вашиот десен квадрицепс и станете потежок. Потоа преместете се на потколеницата, коленото и стапалото и повторете ја постапката со другата нога.
Исчистете го умот на 10 секунди
Откако целосно ќе го опуштите вашето тело, преминете на умот.
Избегнувајте мисли поврзани со некаква форма на движење (како што е размислување за исклучување на светлата, фрлање ѓубре). Овие мисли стимулираат несвесни движења, односно микро-контракции во одредени мускули.
Во својата книга „Опушти се и победи: Првенство во изведба“, Винтер споделил неколку совети за мислите што треба да траат 10. секунди.
Замислете дека е топол пролетен ден и лежите покрај мирно езеро. Го гледате синото небо со бавни, лебдечки облаци. Не дозволувајте други мисли да ви паѓаат на ум. Концентрирајте се на таа слика и уживајте во неа 10. секунди.
После тоа, замислете дека сте во голема, црна, кадифена висечка мрежа, и каде и да погледнете наоколу, гледате црна. Држете ја и оваа слика 10. секунди.
Третиот трик е да ги изговорите зборовите: „Не размислувај… Не размислувај… Не размислувај„ “
Повторете го ова и спречете други мисли најмалку 10. секунди.
Откако целосно ќе ги опуштите вашето тело и ум, по уште 10. секунди ќе заспиете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Имате стан од 30. квадрати и немате идеја како да го опремите? Оваа жена нашла решение!

Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би …