Крем колач со едно јајце и ореви

Колач со едно јајце кој се подготвува за 30. минути
Состојки:
Кора:
– 1 јајце
– 1 филџан (од кафе) шеќер
– 1 филџан мелени ореви
– 1 филџан млеко
– 1/2 филџан масло
– 1 филџан брашно
– 1 прашок за пециво
Фил:
– 1 пудинг од ванила
– 300 мл млеко
– 2 лажици шеќер
– 150 гр путер
Подготовка:кора: изматете го јајцето и додадете половина филџан шеќер, а потоа продолжете да матите со миксер додека не добиете густа кремаста текстура.
Додадете го млекото и постепено додавајте го остатокот од шеќерот, матејќи. Потоа вмешајте ги маслото, оревите и на крај додадете го брашното измешано со прашокот за пециво, промешајте со шпатула или дрвена лажица.
Вака подготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Кората треба да биде сочна, па затоа е важно да не се препече.
Започнете да го подготвувате полнењето. Земете 1 дл млеко и во него измешајте ги пудингот и шеќерот, а остатокот од млекото ставете го во соодветен сад и загревајте додека не зоврие.
Намалете ја температурата и додадете го подготвениот пудинг во врелото млеко, нежно мешајќи. Кога сè ќе зоврие, тргнете од шпоретот и оставете да се излади, а потоа вмешајте го путерот и сè добро изматете со миксер.
Истурете го филот на изладената кора, над која можете да ставите глазура од чоколадо, цимет или мелени ореви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Имате стан од 30. квадрати и немате идеја како да го опремите? Оваа жена нашла решение!

Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би …