(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕРОЈАТНО – Од стар контејнер направиле оаза за уживање: Со добра организација се потребно за живот „собрале“ на 12. квадрати!

Во светот се’ попопуларни се малечките куќи а изгледот на оваа сигурно ќе ве воодушеви.
Брачна двојка од Нов Зеланд направи вистински мал рај на земјата на неверојатна локација. За да бидат работите уште поинтересни, тие ставиле се што им е потребно за живот и уживање во стар контејнер од само 12 квадратни метри.

Со минимална инвестиција, тие добиле луксузен простор во кој уживаат цела година.

Дека за уживање не е неопходен скап хотел со 5 ѕвезди со пространа просторија, тие двајца се чист доказ. Кога ќе видите како изгледа внатрешноста, ќе останете без текст.


Има сè, бања, кујна, дневна соба и спална соба со удобен кревет. Баш сè што ви треба за убав живот и целосно уживање.


Иако просторот е мал, сè е совршено „стокмено“. Со добра организација, можно е да се организира сè добро и да се направи куќата визуелно да изгледа многу попространа.


Она што на оваа куќа и дава посебен шарм е погледот кој се протега од терасата. Долж целата една страна на контејнерот, има прозорци кои можат целосно да се отворат и да создадат вистинска магија.

Овој брачен пар поминува најмногу време тука и велат дека ова е најголемиот луксуз што можеле да си го обезбедат за себе. „Не ни треба ништо повеќе за среќа“, велат тие.
Во видеото погледнете како изгледа целата куќа:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Имате стан од 30. квадрати и немате идеја како да го опремите? Оваа жена нашла решение!

Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би …