Роналдо повторно позитивен на коронавирус!

Кристијано Роналдо, фудбалер на Јувентус, повторно добил позитивен наод на текст за коронавирусот.
Тоа значи дека тој нема да може да игра против Барселона на мечот од Лигата на шампионите.
Според протоколот, Португалецот ќе мора да остане во изолација.
Во таа насока, тој нема да биде во конкуренција за натпреварот против големиот ривал, Лионел Меси.
Протоколот предвидува дека фудбалерот мора седум дена пред натпреварот да добие потврда за излекување од вирусот.
Роналдо во ниту еден момент немал никакви симптоми на вирусот, се чувствува добро, но нема да може да се врати на редовните активности се’ додека не добие негативен резултат .
Натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона се игра во среда, на 28. октомври во 21. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да …