Двојниот живот на славниот фудбалер: „Дознав дека сопругот ме изневерува и дека со неа има друго семејство“

Фудбалерот Патрис Евра со години водел двоен живот и ја изневерувал својата сопруга Сандра, а имал и две деца со својата љубовница.
Поранешната сопруга на успешниот француски фудбалер Патрис Евра, 39-годишната Сандра, пред медиумите открила детали за неговиот таен љубовен живот што го водел зад грб кога биле во брак, а кои сега ги оставиле сите во шок бидејќи звучат како сапуница.

Сандра и Патрис Евра
Имено, откако пред едно недела во интервју за „Сан“ изјавила дека поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед ја изневерувал со модел, Сандра открила дека пред неколку години бил тајно со 32-годишната докторка Габриел Бирли во Лас Вегас и дека тој имал две деца со неа.
Патрис и Габриел тогаш успеале да ја сокријат својата љубовна врска и покрај фактот дека тој беше оженет со Сандра, со која исто така има две деца, тие продолжиле да се гледаат и по враќањето во Велика Британија.


Габриел дури била и на Светското првенство во Бразил во 2014. година за да го гледа Евра додека игра, а со себе ги земала и нејзината сестра Ребека и мајката Марија. Се разбира, Сандра беше исто така да го бодри својот сопруг, во кого не се сомневала.
Деновиве открила дека се разведува од Патрис по 25. години врска и 14. години брак. Тој ја напушти нивната семејна куќа во Париз во јануари годинава за да работи за Sky Sports и веќе живее со 25-годишната манекенка Марго.
Сандра изјавила дека дознала дури кога неговата нова девојка објавила фотографии од неговиот стан во Лондон на социјалните мрежи.


„Патрис е единствениот човек што го сакав во мојот живот, а тој беше толку суров кон мене“, изјавила Сандра, која го запознала фудбалерот кога имала само 14. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Рецепт) Манастирски напиток кој „крева од мртви“

Сè ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека главните состојки на лековитиот манастирски …