(ФОТО) ПРОБЛЕМИ ВО БРАКОТ – ОТКРИЕНО ПОРАДИ ШТО СЕ РАЗДЕЛИЛЕ БЕРГУЗЕР И ХАЛИТ! Глумецот не сакал дете, говорел дека е ПРЕСТАР а потоа таа го ПРЕСЕКЛА!

Брачната двојка Халит Ергенч и Бергузар Корел, попознати во јавноста како Шехерезада и Онур од популарната серија „1001 ноќ“, веќе подолго време минуваат низ брачна криза.
Наводно, нивниот 11-годишен брак бил загрозен поради неверството на славниот Сулејман. Проблемите започнале откако Бергузар целосно им се посветила на децата, а особено откако нивниот втор син се родил во март.
„Тие не се согласуваат за многу работи. Најлошото е што Халит не сакаше друго дете затоа што смета дека е премногу стар, а неговата сопруга го убедуваше да го стори тоа скоро две години. Кога таа остана бремена, тој беше пресреќен, но откако таа се породи таа потполно им се посвети на децата и тој се чувствува запоставен. Решиле да се разделат на неколку месеци, по што ќе одлучат дали ќе се разведат засекогаш“, изјави извор близок до парот.

View this post on Instagram

🤍

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on

Сепак, едно нивно допишување на социјалните мрежи предизвикало големо внимание.
Имено, на една од турските телевизии била прикажувана серија со Халит Ергенч, а особено била возбудлива епизодата кога ликот што тој го толкува дознава дека синот, кого го сметал за свој, е всушност син на неговиот најдобар пријател. И тоа целосно го скршило.
Сепак, Бергузар имаше особено интересен коментар за тие сцени – таа јавно ги повикала својот сопруг, но и сценаристите на серијата.
„Уморна сум од тебе! Како можете да им го правите ова на луѓето? Јас веќе нема да ја гледам оваа серија, не можам. Не ми се допаѓа правецот во која оди серијата, не ми се допаѓа ниту твојот лик. Зошто се согласи на ова?” напишала актерката, на која наскоро и одговорил нејзиниот изненаден сопруг.
„Не го очекував ова од тебе“, напишал Халит.

View this post on Instagram

eylül 🍂

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …