(ФОТО) Ново чудо на Барселона:Дошол со ќесе во рака, дал гол и дома си отишол со такси

Се раѓа ново чудо на „Камп Ноу“. Барселона лесно го совлада Ференцварош како домаќин во првото коло од Лигата на шампионите – 5:1 (2:0), а меѓу стрелците беше и Педро Гонзалес Лопез, познат под прекарот Педри.
17-годишниот Педри го постигна својот деби гол за Барселона, но она што е интересно е што се случило пред и по елитното натпреварување.
Имено, Педри влегол во зградата на „Камп Ноу“ со торба во рацете, а на социјалните мрежи кружи шега дека тој запрел во супермаркетот пред натпреварот.
Роналд Куман му даде шанса во 63. минута наместо Ансу Фати, а Педри ја надополни со гол.
Тоа беше причина шпанските медиуми да започнат да го подигнуваат до sвездите, да го споредуваат со легендарниот капитен Андрес Иниеста, но Педри (сè уште) не изигрува ѕвезда.
Ова е потврдено со фактот дека по неговиот деби гол во дресот на каталонскиот гигант, тој едноставно влегол во такси и се возел дома.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да …