(ФОТО) Трудната Мерјем Узерли открива:„Чудо е кога во вашето тело расте нов живот!“

Откако се појави во улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, пред девет години, 36-годишната актерка Мерием Узерли не престанува да ја интригира јавноста.

Нејзиниот приватен живот е исто интересен како и деловниот, но Мерјем вешто одлучува што да сподели со нејзините многубројни обожаватели. Таа од Турција се врати во родниот Берлин, каде што ја воспитува својата шестгодишна ќерка Лара, а неодамна потврди дека е во шестмесечна бременост и дека наскоро ќе добие девојче со новото момче, чиј идентитет не сака да го открие. Сепак, тешко е да се сокрие среќата да се очекува ќерка дури и за самостојната Мерием, која откри повеќе детали за бременоста само за Story.hr.

„Да, вистина е дека сум бремена. Се чувствувам благословена што имам повторно такво чудо во животот шест години по раѓањето на Лара. Се молам секој ден сè да оди како што треба и бебето да биде здраво. Навистина е чудо кога во вашето тело расте нов живот. Оваа бременост се разликува од последната по тоа што бебето е доста активно и постојано ме удира во стомакот“.

Тие ја прашале дали нејзината втора бременост е знак дека пронашла среќа во љубовта, по што Мерјем кратко одговорила: „Јас сум во врска, вистина е. Во моментов сум многу среќна и благословена“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КАКО ПРЕКУ ИСХРАНАТА ДА ЈА ВРАТИТЕ ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА ВО РАМНОТЕЖА: Кај хипо и хипертироидизам одбегнувајте ги ОВИЕ намирници!

За секој случај, пред да направите какви било промени во вашата исхрана, консултирајте се со …