На повидок „нова војна“ во Барселона: Пике „му забил“ нож во грб на Меси!

Во Барселона нема мир, се отворил нов воен фронт. Жерар Пике му свртел грб на капитенот и првата sвезда Лионел Меси.
За што станува збор? Лионел Меси и Жерар Пике беа водачи на бунтот за намалување на платите на играчите поради пандемијата на коронавирусите при потпишувањето нови договори.
И тогаш се случи нешто сосема спротивно, нешто неочекувано. Кратко по триумфот на Каталонците над Ференцварош (5:1) на почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, клубот планираше да ја објави веста дека ги продолжиле договорите, и се согласиле на намалување на Френки де Јонг, Марк тер Штеген, Клемон Ленгле и на крајот – Жерар Пике.
Од Барселона порачале:
„Договорот со овие играчи беше постигнат по неколкучасовни преговори и вклучува привремено прилагодување на сегашните околности предизвикани од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
И ништо немаше да биде чудно и проблематично доколку само два дена претходно играчите не испратиле писмо до управата на клубот во кое ги информираат дека не се согласуваат со предлогот за привремено намалување на платата. Причината за намалувањето на платите на играчите е да се зачуваат работните места на останатите вработени во клубот кој беше најмногу погоден од кризата со короната (се зборува за загуба од 97. милиони евра).
Потписници на писмото се Меси, Бускетс, Роберто и Пике. Од друга страна, дури петмина фудбалери не го потпишале писмото. Голманот Тер Штеген, Ленгле, Де Јонг, Пјаниќ и Дест.
За последните двајца ништо не е спорно, бидејќи тие скоро дојдоа во клубот и веќе потпишаа такви договори, но шпанските медиуми потегот на Пике го окарактеризирале како „нож во грбот“ на Меси.
На Аргентинецот му преостанува уште една година до крајот на соработката со Барселона, а јасно е дека ќе го напушти „Камп Ноу“ по истекот на договорот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Синот на Шумахер потпишал за тим од Формула 1

Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел, ќе го дочека своето деби во Формула 1 – …