(ВИДЕО) Меган и Хари го покажале раскошниот дом: Луѓето зад нив откриле нешто необично!

МЕГАН МАРКЛ и принцот Хари навистина не излегуваат надвор поради пандемијата на коронавирусите, но тие редовно од нивниот дом во Санта Барбара учествуваат на разни онлајн самити и конференции. Со оглед на тоа што последните три пати известувале од каучот, британските медиуми забележале дека тие внимаваат не само на нивниот изглед, туку и на изгледот на домот.
Вчера попладне, 39-годишната Меган и 36-годишниот Хари се јавиле за специјалното издание на Time100 Talks од нивниот дом вреден 14. милиони долари, и очигледно е дека тие стратешки натрупале книги во позадина за таа пригода, за да можат јасно да се видат насловите.

Темата на разговорот била создавање на подобар свет, а зад Меган јасно се гледале книгите Women: National Geographic Image Collection и The Black Godfather.
Книгите биле таму и во септември кога Меган се појавила во шоуто „Америка има талент“, но тогаш беа положени, па не било многу лесно да се читаат насловите.

За време на разговорот со Малала Јусафзаи минатата недела, книгите биле на маса десно од Хари, додека просторот зад Меган бил празен.

Сетот за свеќници што претходно стоел зад Меган бил заменет со кристал, за кој оние со остро око шпекулираат дека е аметист, за кој се верува дека има лековита моќ. Оние кои се занимаваат со кристали тврдат дека аметистот е природен седатив кој помага да се постигне смиреност и да се намали вознемиреноста.

Засега, каучот, сликите и бојата на ѕидот зад нив се постојани.
Книгата Women: National Geographic Image Collection е за животот на жените ширум планетата, а во неа се појавуваат и пријателките на Меган, Опра Винфри и Џејн Гудал.
Исто така, има книга за создавање на посебен дом Wood And Iron: Industrial Interiors.
The Black Godfather говори за продуцентот Кларенс Авант, кој е наречен „кум на афроамериканската музика“. Нетфликс минатата година за него сними документарен филм, а интересно е што Хари и Меган претходно објавија дека потпишале договор со таа платформа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) 5. напитоци кои се пијат пред спиење: Додека спиете, црниот дроб се чисти, килограмите се топат, телото се подмладува!

Овие производи совршено го чистат црниот дроб и ги топат масните наслаги. За да го …