Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ (39) му донесе победа на Милан на синоќешното дерби, а колку тоа му значи најдобро покажува неговиот пост на социјалните мрежи, што е малку брутален.
Имено, Ибрахимовиќ објавил слика на крвав лав по оброк, алудирајќи дека тоа е тој после натпреварот со Интер.
Милан славеше со резултат 2:1, а двата гола ги постигна одличниот Златан, кој е незапирлив и на 39. години.
Fame pic.twitter.com/it69cGTEZk
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 17, 2020
Првиот гол Швеѓанецот го постигна во 13-та минута по пенал за кој сам се изборил.
Иако Хандановиќ го прочита и го одбрани неговиот удар, Ибрахимовиќ ја собрал одбиената топка и погодил, додека вториот гол бил постигнат по нафрлувањето на Леао.
Златан веќе има пет постигнати голови во новата сезона, иако одигра само три натпревари, а можност за нови ќе има во четврток кога Милан е домаќин на Селтик во Европската лига.