(ФОТО) ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА – Неверојатни поклопувања на поразите на реал и Барселона со состојбата од 2003. година

Реал Мадрид и Барселона вчера загубија во последното коло пред Ел Класико (меѓусебен судир) со идентичен резултат 1:0, а ваков редок случај се случил и во 2003. година.
Шестото коло од Ла Лига го одбележа вчерашниот шокантен пораз на домашен терен на Реал од Кадиз и изненадувачката победа на Гетафе над фаворизираната Барселона.
На шампионот и вицешампионот овие неуспеси им се случија непосредно пред нивната пресметка следната сабота на „Камп Ноу“, а последен пат кога овие клубови загубија беше пред Ел Класико во април 2003. година

Реал тогаш загуби со 4:2 од Реал Сосиедад, додека Барселона беше поразена на домашен терен од Депортиво со истиот резултат.
Потоа одиграа 1:1 на Ел Класико во Мадрид, а стрелци беа Роналдо Назарио за домаќините и Луис Енрике за гостите.
Инаку, Реал најголемиот натпревар на светот ќе го пречека од првата позиција на Ла Лига после 10. освоени бодови, додека Барселона е на деветтото место со седум бода, но и натпревар помалку.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) АТП конечно признал: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

Точката на трилемата кој е најголемиот тенисер во историјата, Новак oНоковиќ, Рафаел Надал или Роџер …