На ќерката и дале име по операторот па добиле 18. години бесплатен интернет

Парот кој му го дал името на детето Твифи открил што стои зад нивниот необичен избор.
Имено, швајцарскиот интернет оператор Twifi понудил 18. години бесплатно користење на Интернет. Единствениот услов е родителите да го нарекуваат своето дете Twifius или Twifia.
„Доставете ни фотографија од изводот на родените на детето. По потврдата, Twifi ќе ви даде 18. години бесплатен интернет”, напишаале тие на веб-страницата.
Анонимен пар на возраст од околу триесет години го сторил тоа и ја именувал својата ќерка Твифија. Парите што ќе ги заштеди, тие планираат да ги внесат на нејзината сметка. Тие се надеваат дека ќе и се најдат кога таа ќе реши да го положи возачкиот тест.
„Колку повеќе размислувам за тоа, толку еми е името пошармантно“, рекол таткото за Kidspot.
Мајката на девојчето најпрво се двоумела, па како средно име тие го навеле името Твифија во изводот на родените.
Понудата е сè уште отворена за другите нови родители.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Искрена исповед на Александра Јорева Михајловска:„Денес е мојот 1. роденден како сум чиста од канцер!“

Личните битки, борби, оние кои не истоштуваат и за кои знаат малку луѓе се дел …