ГОЛЕМО ВРАЌАЊЕ – Албумот на популарната група „Квин“ после 25. години повторно прв на британската топ листа

Познатиот рок бенд Квин се врати на тронот и по прв пат по 25 .години во Велика Британија, нивниот концертен албум „Live Around World“ го зазеде првото место на топ листата на албуми.
„Live Around World“ е десетти албум на Квин, и прв со американскиот пејач Адам Ламберт кој се приклучува на бендот во 2011. година.
Кога станува збор за настапот во живо, тогаш ова е осми албум на оваа популарна група, но прв без членот основачот и фронтмен Фреди Меркјури кој почина во 1991. година.
Ламберт првпат настапи со Тејлор и гитаристот Брајан Меј во 2009. година, кога беше финалист за осмата сезона на Американски идол.
Две години подоцна, тие започнаа да настапуваат заедно на концерти. Од тогаш, Квин и Адам Ламберт се едни од најбараните изведувачи во светот, пишува Билборд.
Албумот вклучува хитови како “Don’t Stop Me Now”, “Radio Ga Ga”, “We Will Rock You” и “We Are The Champions”, изведени на концерти ширум светот.
Албумот беше објавен како благодарност до обожавателите по откажувањето на турнејата во 2020.година поради пандемијата на коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …