ВИДЕО открива што пронашле археолозите кога после два века го отвориле гробот на Исус

Гробницата на ИСУС,односно неколку метри висока и широка мермерна куќичка, била отворена од грчки конзерватори пред четири години, првпат по скоро два века, а камерите го забележаа моментот кога ѕиркаа во гробницата и открија што има внатре.
„Отворањето на гробницата ќе им овозможи на експертите единствена можност да ја испитаат оригиналната позадина на најсветото место на христијанството“, напишале репортерите на „National Geographica“ кои присуствувале на настанот за документарецот.
„Морам да признаам дека колената ми се тресеа“, рекол Фред Хиберт, археолог од „National Geographica“.

Гробницата со децении е заштитена со метална конструкција која подржува мермерни блокови кои биле нагризени од времето и влијанието на илјадници аџии и туристи.
Мермерната плоча била преместена на три дена за реставрација и археолошка анализа, а фотографот бил во можност да го фотографира местото каде се верува дека е карпата на која било положено телото на Исус.
Во тесниот дел под поместената плоча, може да се види слика на Исус, а конзерваторите пронашле и некои други материјали што ги испратиле на анализа.
Едикулата лоцирана под куполата на црквата изградена на местото на пештерата во која, наводно, почивал Исус за време на возобновувањето, била демонтирана и составена. Мермерните плочи биле исчистени и сочувани, а само скршени и кршливи делови биле заменети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …