(ФОТО) Изберете ги најубавите: Топ 3. трендови за чизми оваа есен!

Пристигна најмодерната сезона!
Иако сите не се радуваме на студените денови кои претстојат, секако се радуваме на модните парчиња што ни ги носат есента и зимата, како и мноштвото опции за нивно комбинирање. Ова е периодот кој го чекавме со нетрпение, бидејќи ни овозможува новини, ги открива трендовите што ќе ги следиме и носи стилско освежување. Слоевитата облека ни дава дополнителна можност да создадеме трендовски тимови и интересно вклопување на модни парчиња, а кога станува збор за обувки, на модната сцена настапуваат чизмите!


Незаменливите чизми ја освојуваат есента
Чизмите се задолжени за неодоливиот есенски изглед, кој секогаш додава посебен шик ефект на стилот. Едноставна лежерна облека во комбинација со пар привлечни чизми и подготвени сте за секоја пригода. Чизмите поради нивниот изглед, удобност и практичност се задолжително парче за сезоната есен/зима. Токму поради нивната способност да ја зачинат секоја комбинација на облека и да ја направат уникатна, популарната пејачка Милица Павловиќ одлучи својата нова колекција чевли, создадена во соработка со Дејхман, да им ја посвети на незаменливите sвезди на постудените денови – чизмите. Како некој што е препознатлив по својот феноменален моден стил, Сенорита ни претстави трендови во новата колекција што ќе не засенат оваа есен.
Моќни модели во принт на змија

Благодарение на неверојатниот ефект што го остава, отпечатоците од змија ќе ги придобијат трендсетерите ширум светот оваа есен. Овој дизајн е истовремено лежерен и елегантен, а кога ќе се најде на обувки, ќе ја збогати секоја облека, давајќи и’ необичен изглед и доза на екстраваганција. Чизмите во змиски принт ќе ги комбинираме со скоро сè, тие се прилагодливи за сите прилики и совршено го истакнуваат личниот стил на дамите кои ги носат. Во колекцијата # SenoritaxDeichmann, се издвојуваат моделите Snake Boots во црвена и сиво-зелена боја, но безвременските црни или беж бои не се помалку модерни и привлечни.
Инспиративен урбан стил

Присутен на улиците на градот веќе неколку сезони, урбаниот изглед останува многу актуелен оваа есен, особено кога станува збор за обувки. Чизмите во рокерски-стил се на самиот врв на модната скала, а нивната најистакната карактеристика е гломазен ѓон што обезбедува груб, но младешки изглед, додека интересни детали како што се нитни, врвки, интересни копчиња или лакирани елементи се одговорни за доза на женственост. Моделите Rocker Boots од колекцијата # SenoritaxDeichmann се создадени така што лесно можат да се вклопат во скоро што било, за да можете да ги комбинирате со фармерки и панталони, како и со здолништа и фустани со различна должина.
Неизбежна платформа
Ако сте љубител на штикли, Милица подготви одлични модели, па изборот нема да биде лесен. Може да се одлучите за оние до глуждовите, класични длабоки или занесни над коленото. Самата пета, исто така, доаѓа во различни опции, од сè попопуларната блок пета, преку безвременските тенки потпетици, сè до удобните и стабилни платформи. Моделите на Platform Boots од колекцијата # SenoritaxDeichmann сигурно ќе придонесат за вашиот есенски стил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …