(ФОТО) БИЛА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА – Американка, поради корона вирус, во болница се лекувала половина година

Американката Дејна Хејр 196 дена поради коронавирус се лекувала во болницата. 67-годишната жена од Мичиген изјавила дека овој вирус целосно и го променил животот.
Таа била меѓу пациентите кои најдолго се опоравувале од овој вирус.

“Целосно го смени мојот живот. Целиот процес од моментот кога се заразив, потоа се сместив во болницата до поврзувањето со респиратор многу ме исцрпи”, се сеќава таа.

Дејна и нејзиниот 71-годишен сопруг Кен ги почувствувале симптомите во март кога се вратиле од патување од Калифорнија. Тестирањето на 31. март покажало дека тие биле заразени со коронавирус. Кен имал благи симптоми, додека таа имала треска, кашлала и повраќала.

Таа била сместена во медицинската болница во Мичиген, чиј пулмолог, Филип Чои, истакнал дека и е дијагностициран исхемичен колитис. Лекарите морале да и го отстранат дебелото црево бидејќи нејзиното здравје значително се влошило. Затоа, тие се сомневале дека постои поврзаност помеѓу здравствените проблеми што ги имала Дејна.

Нејзиниот сопруг спомена дека два и пол месеци била на апарати за дишење и дека семејството било преплашено. Таа имала повеќе инфекции и и била дијагностицирана сепса откако и откажале бубрезите. Семејството не било во можност да ја посети поради ограничувачки забрани.
„Мислев дека ќе умре“, рекол тој, изјавувајќи дека тоа е трауматско искуство.

Два теста до јуни покажале дека Дејна е негативна за коронавирус и е отпуштена од интензивна нега. Во септември започнала нејзината рехабилитација во болница. По 196. дена лекување, таа е отпуштена од болницата затоа што лекарите процениле дека може да си оди дома. Таа и денес чувствува здравствени проблеми, а еден од нив е потешкотија при движење.

Таа рекла дека коронавирусот може да биде смртоносен и ги советувала луѓето да се придржуваат кон мерките против вирусот – да носат маски, редовно да ги мијат рацете и да одржуваат физичка дистанца, објави NBC News.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …