Филипче: „Благодарност до граѓанските организации кои и во ковид криза ни помагаат – тогаш кога е најпотребно!“

По повод Фестивалот на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации”, кој се одржува денеска во Градскиот парк, Министерството за здравство упатува огромна благодарност до сите граѓански организации кои се вклучени во унапредувањето на јавното здравство, особено во изминатите месеци со справувањето од светската пандемија предизвикана од ковид-19.
„Имаме одлична соработка со невладините организации. Тие се нашиот прв партнер, но и коректив во нашето работење. Заеднички направивме многу во зајакнувањето на здравствениот систем. Со граѓанските организации го унапредивме здравјето на сите пациенти. Заеднички го донесовме новиот Закон за прекинување на бременоста, а исто така го подобривме и здравјето на лицата со ретки болести, дијабетес, ХИВ. Внимателно ги слушаме нивните предлози, идеи и сугестии. Тие се активно вклучени во креирањето на политиките, а граѓанските организации и пациентите ги вклучивме и во постапките за набавка на лековите со цел поголема транспарентност и увид во јавните пари. Коронавирусот ни докажа повторно дека тие секогаш се тука кога ни е најпотребно. Се заблагодарувам на сите организации кои во изминатиот период со донации нè не оставија сами и заеднички се бориме и помагаме со состојбата со ковид-19. Се заблагодарувам за грижата и поддршката, нашата соработка продолжува и понатаму. Вратите на Министерството за здравство секогаш се отворени за нив”, изјави министерот Филипче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС: 15. починати и 628 нови случаи на Ковид 19!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани …