Нов сингл од македонскиот продуцент MVRTK

MVRTK повторно објави нов сингл, овој пат насловен Break Away, со оригинален текст и вокали од американската вокалистка, диџеј и продуцентка Kittrix, издаден со германските SWUTCH MUSIC и премиерно поддржан од реномираниот светски диџеј и продуцент R3HAB за време на неговата радио емисија I Need R3HAB на една од најголемите и најслушаните радио станици во САД, Insomniac Radio. 

Новиот сингл пристигнува откако MVRTK постигна голем успех со претходниот сингл Adore You, во соработка со VRTHNKK, што беше издаден со германската издавачка куќа 1st Strike Deep, кој котираше на петтото место на грчката денс листа, се котираше и на официјалната грчка музичка топ листа на iTunes, а беше и дел од топ листата Progressive Essentials.

Првиот сингл на MVRTK, насловен Again, во соработка со VRTKNKK и Arround и издаден со германската издавачка куќа RUN FREE беше поддржан и од глобалната музичка икона Ferry Corsten за време на неговата радио емисија Corsten’s Countdown.

Ова е трет сингл што MVRTK го издава во период од пет месеци, кој постојано работи на нови музички проекти за време на пандемијата, додека претходните две песни, Again и Adore You, веќе се дел од плејлистите на многу радио станици низ Европа, како и на значителен број на радио станици ширум светот.

Македонскиот музички продуцент MVRTK, оваа година е целосно посветен на музиката, тој е постојано продуктивен и не престанува со творење. Тој веќе работи и на неколку други песни кои ќе ги слушате наскоро, а можете да ги следите неговите проекти на следните социјални мрежи:

Instagram: https://www.instagram.com/mvrtkmusic/
Twitter: https://twitter.com/mvrtkmusic
Facebook: https://www.facebook.com/mvrtkmusic

Слушнете ја Break Away на следниот линк:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЕВРОФЕСТ 2020: Само НАШЕ издание со квалитетни нумери и изведувачи – Гран при за Ѓоко Ѓорчев!

Во саботата во Домот на АРМ се одржа годинешното издание на „Еврофест“ и покажа дека …