Запачени палачинки полнети со блитва и урда

Овие солени палачинки се полнети со мешавина од блитва, сланина и сирење (урда) и потоа се печат со прелив од павлака и крем за готвење. Можете да ги јадете топли, но исто така се многу вкусни и кога ќе се изладат.
Состојки за палачинки:
јајце
малку сол
400 мл млеко
80 гр брашно без глутен
80 гр брашно од хељда
лажичка прашок за пециво
лажичка ракија
За полнење:
230 гр варена блитва
300 гр урда (сирење)
100 гр павлака
50 гр сланина
За прелив:
100 гр павлака
100 мл крем за готвење
Подготовка:
Во сад измешајте го јајцето со малку сол и потоа истурете го млекото. Додадете ги сувите состојки, односно брашно без глутен, брашно од хељда и прашок за пециво. На крај, вмешајте лажичка ракија за палачинките да не апсорбираат многу маснотии при пржење. Испржете палачинки. Подгответе го полнењето со сечкање на сварената и исцедена блитва на многу мали парчиња. Доколку е потребно, исцедете ја блитвата со рацете за да извлечете вишок вода и ставете ја во сад. Додадете урда, павлака и сланина, сечкана, на коцки. Наполнете ги палачинките со смесата и завиткајте ги. Ставете ги во подмачкан сад за печење. Намачкајте ги палачинките со мешавина од павлака и крем за готвење и печете ги околу 20. минути на 180. степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Искрена исповед на Александра Јорева Михајловска:„Денес е мојот 1. роденден како сум чиста од канцер!“

Личните битки, борби, оние кои не истоштуваат и за кои знаат малку луѓе се дел …