Вистина за крвните групи и короната: Една е најотпорна

Според новата студија од Данска, луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик од заразување со ковид 19. Тие исто така имаат намален ризик од сериозни компликации како што се откажување на органите – па дури и смрт.
Данските истражувачи користеле податоци од 473.000 лица тестирани на ковид 19, кои ги споредиле со податоците од контролната група од над 2,2 милиони луѓе од општата популација.
Резултатите од друга студија исто така сугерираат дека луѓето со крвни групи А и АБ, кои заедно сочинуваат нешто помалку од 45. проценти од популацијата во Велика Британија и САД, имаат поголем ризик од тешки симптоми и компликации од коронавирусна инфекција – како што е потребата за респиратор – отколку оние со тип О или Б.
Наодите се базираат на растечко истражување кое открива поврзаност помеѓу крвната група и ризикот од коронавирус, како и очигледниот заштитен ефект на крвната група О. Приближно половина од луѓето во Велика Британија и САД имаат крв од типот О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …