Вчера се навршија 13. години од смртта на македонскиот, балкански…Тоше Проески.
Тоше Проески, кој почина пред 13. години во сообраќајна несреќа во Хрватска, само шест часа пред трагедијата, беше гостин во емисијата „Вртелешка“, каде остави впечаток на многу уморно момче, кое ги шокираше сите со своите реченици.
Тој на домаќините (Весна Петрушевска и Васил Зафирчев) им кажува колку е уморен и дека би сакал да живее како целиот нормален свет:
„Сакам да шетам, да пазарувам, да одам во кафуле навечер, но не можам. Пред десетина дена, застанав пред еден излог и сфатив дека не сум бил надвор повеќе од шест или седум години, прошетав низ градот и си реков: ‘Ми се допаѓа ова. Ќе влезам и ќе го купам’. Мислите дека не сакам? Сакам како и сите нормални луѓе“, им вели тој тажно на домаќините и на прашањето дали понекогаш сакал да се извлече од сето тоа вели:
„Сакам, но не можам. Машинеријата ме стави, како што велат, „во тапан“ и тоа е тоа. Нема враќање назад. Барам опоравување од секојдневните интервјуа, шминкање, отстранување шминка, пакување … Сето тоа ми е над мојата глава“, рекол тој и додал:
„Не можам да бидам сам, не можам да одам сам на кафе или во продавница. Не можам, а сакам..:’, вели Тоше и потоа тргна кон Хрватска, од која повеќе не се врати.