(ВИДЕО) Браунси полнети со нутела и киндер чоколадо е откритие кое мора да го пробате

ЧОКОЛАДОТО е секогаш добар избор, а љубителите на Нутела и Киндер ќе се заљубат во рецептот за колач од наведените состојки.
Добро е познато дека класично брауни можете да подготвите од различни состојки и да дадете нова димензија на нов, но многу вкусен колач, но овој рецепт е најпосебен досега.
Аматерската готвачка Елоиз Хед објави идеја за брауни полнето со слој млечно чоколадо и Нутела и Киндер, кое исто така можете да го замените со Киндер Буено. Најважно е дека подготовката е прилично едноставна.

View this post on Instagram

KINDER & NUTELLA STUFFED BROWNIES 😍 Fudgy brownies filled with a layer of Kinder chocolate and Nutella 🤤 I made a similar version of these right at the start of Lockdown, but these are definitely an upgrade in my opinion 😋 You could always add Kinder Bueno pieces to it. I would recommend adding them after it’s cooked if you don’t want the wafer to go soft in the oven 🙌 Sound on for full instructions 🔉 All you need is: 170g unsalted butter (melted) 250g caster sugar 2 Large eggs 125g milk chocolate 100g plain flour 30g cocoa powder 1 tsp salt 27 Kinder chocolate bars 150g Nutella, melted Tin size: 8×8” Tip: Let the brownies cool fully in the tin. Refrigerate overnight for firmer brownies. Happy Wednesday everybody 😘 #fitwafflekitchen #fitwaffle

A post shared by Fitwaffle Kitchen (@fitwafflekitchen) on

Состојки:
170 гр путер
250 гр шеќер во прав
2 јајца
125 грама млечно чоколадо
100 гр брашно
30 гр какао
лажичка сол
27 Киндер-плочки
150 гр истопена Нутела
Подготовка:
Ставете стопен путер во сад и додадете шеќер и изматете. Додадете јајца, повторно убаво изматете и додајте стопено млечно чоколадо, брашно, какао и сол, добро измешајте ги состојките и ставете половина од смесата во правоаголен плех за печење. Распоредете ја смесата рамномерно, па ставете ги на неа плочките Киндер и прелијте ја истопената Нутела. Над нив нанесете ја другата половина од смесата и печете во рерна загреана на 170 степени околу 20 до 25 минути.
Елоиз советува да го оставите колачот да се излади, па ставете ја во фрижидер преку ноќ и дури тогаш послужете го – ако успеете да издржите и не пробате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …