(ФОТО) Порака на професорот станала вирална:„Се надевам дека нема да измамувате како мојата жена!“

Пораката што еден професор наводно им ја испратил на своите студенти, со цел да ги извести дека испитот ќе се одложи, станала вирална поради бизарните причини што ги навел
“За жал, ќе треба да го одложам испитот и да го откажам предавањето во четврток. Ме застрелаа и завршив во собата за итни случаи. Исто така, добив ковид и среде развод сум. Консултациите со мојот асистент и понатаму се од 11. до 12. во понеделник и среда. Ако бидам жив, испитот ќе се одржи следниот понеделник“, напишал тој во објавата што веднаш започнала да се шири на социјалните мрежи.

На интернет наскоро се појавило продолжение:
“Се чини дека последната е-пошта ми стана вирална. Ви благодарам за известувањето. За среќа, мојата повреда не беше сериозна, ниту симптомите на ковид. Испитот сеуште се одржува во понеделник. Се надевам дека нема да изневерувате како мојата сопруга. Со среќа на сите”, стои во соопштението.

Првата порака била споделена 132.500 пати и добила 814.000 лајкови, што предизвикало бројни реакции.
Додека едни коментираат дека професорот е непрофесионален, бидејќи ги споделува своите приватни проблеми со студентите, други го бранат, а трети тврдат дека предметниот професор не постои и дека станува збор за лажна објава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 26.11.2020: Претерувате во она што го очекувате од саканата личност…

Овен Љубов: Размислете како треба да ги надминете семејните недоразбирања. Вие сте задоволни со насмевката …