Репертоар на ТДМ за октомври

По паузата Театарот за деца и младинци продолжува со својата работа.
Овие претстави се на репертоар во октомври:

16. и 17. октомври – „Лакомата меца“
Оваа претстава е наменета за најмалите деца. Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција со децата Лакомата Меца е предупредена дека не треба да биде стрвна кога јаде и дека секој залак треба добро да се изџвака, зашто во спротивно има опасност да се задави.

Мецата нејќе да ги послуша децата и продолжува со стрвното јадење, па се случува токму најлошото. Една коска и се заглавува во грлото, па напомош и притрчуваат останатите шумски животни. Дали конечно мецата ќе ја научи лекцијата по пристојно и сугурно јадење, ве покануваме да откриете. Актерот
Владимир Лазовски за улогите на Волкот и Штркот во 2001 година освои актерска награда на Меѓународниот Куклен Фестивал на мали форми во Крагуевац, Р. Србија. Тој, заедно со одличните Ана Левајковиќ-Бошков и Катарина Илиевска-Силјановска, се доволен доказ за квалитетот на оваа претстава.
Играат: Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир
Лазовски.
24. и 25. октомври – „Гига мега бајка“
„Гига мега бајка“ е нова приказна која ни доаѓа од старите приказни. Четири актери кои не можат да ја почнат претставата „Пинокио“ зашто им фали актерот кој го игра Пинокио почнуваат да смислуваат своја приказна. Во паника но со многу фантазија ги раскажуваат познатите бајки и една своја и ги спојуваат во брза, смешна, забавна и поучена бајка – Гига мега бајка. Па така Црвенкапа го пресретнува Волкот и го кара зашто работел со мотика во дворот на баба и’.


Тој е градинар кој само сака да живее во мирна и тивка градина и сака да помага на Бабата. А Бабата пак знае карате, Џит-Кун-До и Џиу-Џицу и на Волкот му одржува дебела лекција па тој исплашен сака да избега од својата приказна.
Си заминува и ја среќава Поспаната Убавица со која тргнуваат во потрага по златната мотика и големата книга на знаењето…
Играат: Бојан Кирковски, Симона Спировска, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски.

30. и 31. октомври – „Јованче и Марика“


Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле ,,вечен” живот. Генерации и генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата,нивната добрина и нивната желба за среќно семејство.
Марика е мила, малку плашлива, Јованче љубопитен, храбар, доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката,која го маѓепсала нивниот татко. Тука се преплетуваат светот на фантазијата и реалноста. Најважната порака на оваа бајка е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе.
Дали бајка, во денешниот свет,кога на децата им се нудат најразлични содржини може да опстане? Дали може да „парира” на современата технологија, на компјутерските игри,на 3Д анимацијата? Секако дека може и тоа токму во театарот!
Играат: Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Ангела Димитрова.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт по повод Националниот ден на Република Чешка – со македонски уметници

Мирослав Томан, амбасадорот на Чешка во нашата земја, не поканува заедно да го прославиме 28 …