Овие намирници се неверојатно моќни: Во рекорден рок ги чистат црниот дроб и топат мрсните наслаги

Без здрав црн дроб, нема здрав организам. Затоа треба строго да се грижиме каква храна јадеме
Сè што јадеме или пиеме мора да помине низ црниот дроб. Овој орган најмногу страда, бидејќи ги апсорбира сите лоши работи што ги внесуваме во организмот со храна.
Кога црниот дроб е оптоварен страда целото тело, постои ризик од многу болести. Лекарите препорачуваат да се направи целосна детоксикација од време на време, со цел овој, многу важен орган, се растовари.
Постојат некои намирници кои имаат корисен ефект врз распаѓањето и елиминацијата на токсините, а покрај тоа помагаат и во топењето на масните наслаги, и затоа тие мораат да бидат на вашето мени што е можно почесто.


Еве за кои намирници станува збор:
1. Лукот го стимулира производството на ензими кои му помагаат на организмот да се ослободи од насобраните токсини, но и да започне процес на разградување на масните наслаги.
2. Цитрусите се богати со витамин Ц и се моќен антиоксиданс кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.
3. Цвеклото и морковот се богати со флавоноиди и бета каротен, така што го стимулираат и црниот дроб и ги разградуваат маснотиите.
4. Зелениот чај содржи моќна состојка, катехин, која го чисти целото тело.


5. Зелен листест зеленчук како спанаќ, кељ, блитва и зелена салата е полн со хлорофил и затоа е многу ефикасен во неутрализирање и исфрлање на токсините.
6. Ананасот е полн со витамин Ц, па затоа делува како природен диуретик кој ослободува токсини од телото
7. Нането е богато со флаваноиди кои делуваат како моќен антиоксиданс.
8. Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и помага во исфрлање на маснотиите од телото и црниот дроб.
9. Оревите содржат големи количини омега-3 масни киселини, како и аминокиселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.


10. Зелката има силно влијание врз ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и забрзуваат нејзината работа.
11. Јаболките содржат високо ниво на пектин и други хемиски супстанции кои поттикнуваат правилно функционирање на црниот дроб и чистење на организмот.
12. Доматот содржи и ликопен кој го штити целото тело. Потрошувачката на домати има ефект на намалување на оштетувањето на црниот дроб.


13. Маслиновото масло и другите ладно цедени природни масла, како што се од коноп или ленено масло, го потпомогнуваат здравјето на црниот дроб и помагаат да се произведе база што апсорбира токсини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Искрена исповед на Александра Јорева Михајловска:„Денес е мојот 1. роденден како сум чиста од канцер!“

Личните битки, борби, оние кои не истоштуваат и за кои знаат малку луѓе се дел …