КОРОНА ВИРУС ВО СПОРТОТ – Ѓоковиќ нема да може да ја брани титулата на Австралија опен?

Новата одлука на австралиската влада ги искомплицира работите околу одржувањето на првиот Грен слем во годината…

Новак Ѓоковиќ можеби нема да биде во можност да настапи на Австралија опен идната година, откако властите забранија влез на странци во земјата до 2022 година.
Забраната важи и за оние кои сакаат да ја напуштат Австралија, што значи дека е забранет и влез и излез од државата поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. На целиот континент ситуацијата драстично се влоши и бројката на новозаболени забележа екстремен скок. Воведен е и полициски час и многу други рестрикции.


Сите овие мерки значат дека одржувањето на Австралија опен од 18. до 31. јануари идната година е малку веројатно. Тешко дека тенискиот Грен слем би се играл само со домашни играчи, но можеби ќе бидат воведени олеснителни околности за тенисерите од целиот свет.
УСА опен и Ролан Гарос минаа во релативно добра организација со многу мал број на заразени со Ковид-19. Ако организаторите на Австралија опен ги ископираат протоколите можеби ќе се игра тенис во Мелбурн, но последниот збор го имаат властите во државата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) АТП конечно признал: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

Точката на трилемата кој е најголемиот тенисер во историјата, Новак oНоковиќ, Рафаел Надал или Роџер …