Жито Лукс со донација за Црвен крст го одбележува Светскиот ден за борба против гладот

Со донација на свои производи на Црвениот крст Скопје, Жито Лукс го одбележува Светскиот ден за борба против гладот. Компанијата донира производи од своето портфолио, лебови, колачи и брашно за ранливите групи и семејствата што се наоѓаат во неповолна социјална состојба. Донираните производи ќе бидат распределени преку мрежата на канцеларијата на Црвениот крст.

“Социјално загрозените семејства се редовно во фокусот на нашата општествено одговорна ангажираност. Наоѓаме начини и средства колку што може повеќе да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена во секојдневието на овие семејства. Но недостатокот од средства за живот е реален проблем за многу од нив, и нашата цел е преку донации да бидеме делод активната борба против гладот и посветеноста кон подобрување на квалитетот на животот на многу македонски семејства. Сакаме да веруваме дека и со оваа донација, со секоја претходна и со секоја следна, даваме позитивен придонес за општеството како целина”, велат од Жито Лукс.

Жито Лукс како компанијата постојано е активна со своите општествено одговорни активности насочени кон помагање на семејства, на институции од здравствениот и образовниот сектор, но исто така и со подигање на свеста за потребата од поактивно вклучување на компаниите и граѓаните во вакви слични иницијативи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Добрите ефекти на лебот на организмот

Многу луѓе избегнуваат конзумирање леб, но изборот на правилен тип може да има позитивни ефекти …