СЕ’ ПОЧЕСТ ПРОБЛЕМ – Мајката дознала дека синот ги понижува сиромашните деца во школо: Поради казната која му ја одредила и честитал ЦЕЛ СВЕТ!

Таткото не се согласил со казната.Што мислите кој е во право?
Една добростоечка мајка открила дека нејзиниот разгален син малтретирал и исмејувал сиромашни деца на училиште, па смислила соодветна казна за него. Сепак, таткото на момчето не се согласил со тоа, па таа му се обрати на тимот во Редит со прашањето дали донела добра одлука.
„Јас сум прилично добростоечка, а таткото на мојот син е многу богат, па алиментацијата ми дозволува да му купам сè најдобро на мојот син. Овој месец ме информираа од училиштето дека мојот син злоупотребувал и исмевал деца кои го немаат она што тој го има, оние што родителите ги носат на училиште во ефтин автомобил или оној што не може да си дозволи брендирана облека. Бев згрозена и разговарав со него за тоа. Му дадов до знаење дека нема со што да се гордее затоа што нема работа, заштеда, инвестиции, лично богатство и туку само имал среќа да се роди во добри околности и тоа е сè“, напишала лутата мајка.
Понатаму објаснила дека прво го натерала да им се извини на тие деца, но додала уште една казна.

„Оваа година, исто така, решив да не му купам брендирана облека. Нема да го возам на училиште со Порше или Јагуар, туку со стар автомобил. За сите активности што ќе ги направи, нема да му купиме нова опрема, туку ќе ја изнајмиме или ќе ја носи старата”, најбројала мајката.
Синот, се разбира, веднаш се побунил, тврдејќи дека неговите пријатели на училиште ќе му се смеат.
„Иако неговиот татко главно е отсутен и не се меша во неговото воспитување, тој дозна дека неговиот син се вози во „стари автомобили“ и дека вежба во позајмена опрема. Тој не се согласи со таа казна бидејќи тврди дека оваа казна ќе го одбележува нашиот син до крајот на животот“, открила таа.
Повеќето луѓе застанаа на нејзината страна, а многумина и честитаа за тоа.
Кој мислите дека е во право, мајката или таткото? Споделете со нас во коментарите!

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …