Почина актерката Кончата Фарел, Берта, од „Два и пол мажи“

Кончата Фарел почина на 78 годишна возраст.

Актерката Кончета Фарел, најпозната по улогата на куќната помошничка Берта во серијата „Два и пол мажи“, почина на 78 години.

Како што јавува „Дедлајн“, починала во вторник поради компликации кои настанале по застојот на срцето кој го претрпела.

Ликот на Берта им беше омилен на многумина, а од нејзе се прости и долгогодишниот главен актер во серијата Чарли Шин.

„Беше апсолутна душичка, вистинска професионалка и искрена пријателка, а ова е шокантна и болна загуба. Берта, твоето одржување на куќа не беше баш најдобро, но твоето одржување на луѓето беше совршено“, , напишал Чарли Шин на Твитер.

Како што јавуваат странските медиуми, Кончата починала опкружена со членови на семејството во болница.

Нејзините здравствени проблеми започнале во мај. Тогаш имала инфекција, која пак се поврзува со претходен престој во болница. После неколку дена во болница срцето и застанало на десет минути, заради што четири недели поминала на одделот за интензивна нега. Во јуни таа е преселена на одделот за долготрајна нега.

Кончата Фарел е три пати номинирана за наградата Еми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …