Експертите советуваат колку е важно да се грижите за здравата и урамнотежена исхрана, дневна физичка активност, доволно спиење и правилна хигиена
Започна учебната година, која за многу родители претставува нови почетоци, нови борби, победи и порази. Постојат нови предизвици за родителите на деца од градинка и за деца од училишта, бидејќи со враќање во колективот започнува уште една рунда размена на вируси и инфекции. Како да се подготви имунитетот за секојдневна одбрана?
Експертите советуваат колку е важно да се грижите за здрава и урамнотежена исхрана, дневна физичка активност, доволно спиење и правилна хигиена. Покрај тоа, би било добро да вклучите додаток во исхраната за зајакнување на имунитетот. Исто така, ако имате лоши искуства од претходните години, треба да размислите за превенција.
На пазарот се достапни голем број на препарати, кои покрај додаток на витамини и минерали и модулирање на имунитетот, можат да помогнат и во подобра концентрација. Мултивитаминските препарати, велат експертите, се идеални формули за деца кои немаат урамнотежена исхрана затоа што не јадат различни оброци, поради некоја причина избегнуваат одредена храна или имаат намален апетит.
Мултивитаминските препарати се достапни во различни форми, од гумени бонбони, лижавчиња, пастили до вкусни сирупи и овошни концентрати. Секако, обрнете внимание на составот и потеклото на витамини и применувајте ги со оброк за подобро да ги апсорбираат.