(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМИОТ РОНИ О’САЛИВЕН – Најдобриот во историјата игра снукер со нокти налакирани во розе:Ја подигнува свеста за ракот на дојка!

„Еден пријател ме замоли да се фотографирам така, да ја подигнам свеста за ракот на дојка. Затоа, решив да го играм целиот натпревар така. Можеби целиот турнир. Всушност, лесно е можно да продолжам да ги лакирам во секој случај“, вели Рони.
Американците ги нарекуваат „кози“. Г.О.А.Т. (Greatest of All Time)). Најголемиот на сите времиња. Има многу неверојатни кошаркари, но има само еден Мајкл Џордан, видовме „вонземјани“ како играат фудбал, но има само еден Диего Марадона …
Во билјардот, т.е. снукерот, Стивен Хендри може да има повеќе светски титули, Стив Дејвис може да биде „татко“ на модерниот снукер и концептот на неговиот спорт, Џими Вајт може да биде спектакл на масаата и најдобриот што никогаш не освоил светска титула, но: има само еден најдобар, недопирлив генијалец – Рони О’Саливен, најголемиот на сите времиња.

Помина низ сешто во неговиот живот, генијалноста не е лесно да се поднесе. Тој е толку неверојатно добар што знаеше како да победи во финалето на Светското првенство откако ќе го префрлеше стапот во левата рака и ќе играше така сè додека не му здосади! И, тој исто така знаеше да се оддалечи од масата со предност од 2-3 ‘фрејма’, бидејќи не го играше секој потег совршено.
Имал проблеми со алкохол и дрога, не му било чудно да заврши во полиција … Генијалноста не е лесно да се поднесе. Тој си постави критериум на непогрешливост и континуирано совршенство, па се пкршеше под тој непотребен товар … Генијалноста не е лесна за поднесување.


Но, секој знае дека „математиката“ е едноставна. Било кој да го одигра најдобриот натпревар во својот живот, ќе изгуби ако игра против фокусираниот и избалансиран О’Саливен. Кога „Ракетата“ е на врвот на бранот, другите, дури и да беа господари на кристално чистата светска класа – стануваат само позадина.

Рони се поефикасно се бори со своите демони и од заработените десетици милиони, тој често посегнува за да им помогне на сиромашните, болните, незаштитените …


Тој направи сличен потег деновиве, на Англија опен. Секој што сака билјард влегува во стримови во живо кога игра, овој пат кога ќе се потпре на масата за да направи потег … Камерата се фокусира на горниот дел од стапот и белата топка, и ноктите на О’Саливан – обоени во розова боја. Розовото издание на најголемиот на сите времиња.
„Еден пријател ме замоли да се фотографирам така, да ја подигнам свеста за ракот на дојка. Затоа, решив да го играм целиот натпревар така и да свртам уште повеќе внимание на тоа зло од рак. И можеби ќе го играм целиот турнир со лакирани нокти. Всушност, лесно е можно и онака да продолжам да ги лакирам“, рекол Рони и не би било чудно, колку и да е луд, да го стори тоа.

„Отпрвин не можев да верувам дека тој се согласи само на една фотографија, а ова сега … Тоа е фантастично. За еден толку обожаван и славен човек да привлече толку многу внимание, да предизвика толку јавна дебата за ваков важен проблем … Немам зборови. Горд сум што ова е мој пријател“, рекол Ендрју Блох, на чиј наговор О’Саливен отшетал до салонот за маникир.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …