Сопругата на Коби, Ванеса Брајант, со емотивна честитка до ЛА Лејкерс:„Штета што Коби и Џиџи не можат да го видат ова!“

Ванеса Брајант со емотивна порака на ЛА Лејкерс им ја честитала 17. титула во НБА:!Штета што Коби и Џиџи не може да го видат ова“.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс стигнаа до шампионската титула во НБА лигата славејќи во серијата со 4-2 во победи.

Веднаш пристигнала и честитка од Ванеса Брајант, сопругата на легендарниот Коби Брајант кој пред неколку месеци почина во хеликоптерска несреќа.

„Ти честитам вујко Пи (Роб Пелинка – генералниот директор). Честитам Лејкерс. Коби беше во право. Држете се до курсот. Штета што Коби и Џиџи не може да го видат ова“, напишала Ванеса.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пронајден исчезнатиот фудбалер: Англија жали за Џејмс Дин

Поранешниот фудбалер Џејмс Дин, чие тело беше пронајдено четири дена откако исчезна, беше „нежен џин“ …