(ФОТО) Здравјето на американските претседатели е добро чувана тајна: Трамп не е прв случај!

Каква е точно здравствената слика на Доналд Трамп? Контрадикторни и нецелосни информации од официјални лица за неговата инфекција со коронавирус потврдуваат дека здравјето на американските претседатели е добро чувана тајна.
Аналитичарите исто така велат дека Трамп мудро користел дигитални алатки за управување со известувањето за првата лична здравствена криза во неговиот мандат.
Метју Алгео, автор на неколку книги за повеќекратни лаги за американските лидери, вели дека претседателите не се обврзани да зборуваат за своето здравје, па затоа не е изненадување што не го прават тоа.
Изборите се за неколку недели, така што не е време Трамп да изгледа како да не е „целосно во форма“, велат аналитичарите.
“Претседателите не сакаат да изгледаат слабо, ниту еден политичар не сака да изгледа слабо. Тие ќе сторат сè за да го избегнат тоа”, рекол Алгео.


Личниот лекар на претседателот е најчесто војник. Сегашниот, д-р Шон Конли, е поморски офицер. Роуз МекДермот, аналитичар на Универзитетот Браун, вели дека тоа е судир на интереси.
„Шон Конли е лекар на претседателот, а претседателот е негов врховен командант“, рекол МекДермот.
„Ако на претседателот не му се допаѓа што Конли зборува за него, тој може да го отпушти. Може дури и да му ја одземе пензијата”, вели МекДермот.
Вилсон, Џон Кенеди
Историјата на американските претседатели е исполнета со лаги за нивното здравје.
Вудроу Вилсон претрпел силен мозочен удар есента 1919. година, што делумно го парализирало, но тоа не било откриено се’ до февруари 1920. година.
Двајт Ајзенхауер ја ублажл сериозноста на неговиот срцев удар во 1955. година, додека Џон Кенеди никогаш не зборувал за неговата Адисонова болест, што може да биде фатална.


Атентатот на Кенеди во 1963. година довело до измена на 25-тиот амандман на Уставот на САД четири години подоцна, според кој потпретседателот ја презема водечката позиција доколку претседателот умре или е неспособен.
Сепак, освен кога има јасна и сериозна повреда, како на пример кога Роналд Реган бил застрелан во 1981. година и неговите овластувања привремено биле пренесени на тогашниот потпретседател Џорџ В. Буш, околностите во кои Конгресот може да го прогласи претседателот за ненадлежен не се јасно дефинирани, рекол Алгео.
Зголемениот медиумски интерес и широко распространетата употреба на социјалните медиуми не ја зголемија транспарентноста, велат аналитичарите, и покрај тоа што претседателите веќе не можеа да се кријат од јавноста, како што Вилсон успеал четири месеци.


Особено што Трамп, кој во меѓувреме од реална ТВ sвезда се претвори во избезумен „твитерџија“, знае како да се стави во центарот на вниманието, смета Емерсон Брукинг од Atlantic Councila.
Трамп ги држи медиумите на нозе од минатиот петок, а во неделата објави внимателно изработено видео, алудирајќи на поразот на коронавирусот.
Кулминација беше неговото враќање во Белата куќа во понеделникот, што Брукинг го опишува како „филмско“.
„Трамп интуитивно ја разбира брзината на современиот циклус на вести“, рекол Брукинг.
„Ако медиумите дискутираат или ја критикуваат најновата содржина на Трамп, тие нема да поставуваат други прашања во врска со ковид-19 или 25-ти амандман“, додал тој.

Независен надзор?
Некои експерти бараат формирање на комисија на независни лекари што ќе го надгледуваат здравјето на претседателот поради недостаток на транспарентност.
Трамп е најстариот американски претседател на 74. години, а неговиот демократски ривал eо Бајден има 77. години.
Повиците за независно здравствено надгледување на политичките лидери досега не вродија со плод во САД, ниту во другите западни земји.
Здравствената состојба на претседателот на една земја не е табу само во Америка, забележува Мекдермот.


Авторитарните режими се очигледни примери, но граѓаните претежно се оставени на шпекулации и во демократските земји.
Германската канцеларка Ангела Меркел не сакаше да даде детали за нејзиниот трепет во јавноста во 2019. година.
„Не сум видел некој да постави пример и да излегува еднаш годишно со објавување на медицински досиеја на начин на кој многу водачи во САД ги објавуваат своите даночни записи“, рекол МекДермот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) 5. напитоци кои се пијат пред спиење: Додека спиете, црниот дроб се чисти, килограмите се топат, телото се подмладува!

Овие производи совршено го чистат црниот дроб и ги топат масните наслаги. За да го …