Данска диета: За 13. дена се „симнуваат“ од седум до 20. килограми – Мени по денови

Данската диета е ригорозна програма која трае 13. дена и доколку сакате да ја спроведете, задолжително претходно консултирајте се со доктор.
Оваа диета од точно 13 дена симнува од седум до 20. килограми, во зависност од почетната тежина.
Како што пишува dijeta.net, ова не е традиционална диета, туку начин телото да започне побрзо да согорува маснотии и да исфрла вишок течност, што придонесува диетата да функционира и по нејзиното завршување.
Планот за исхрана мора да се следи точно 13. дена, ни помалку ни повеќе, и како што споменавме, тој мора да се следи како што е наведено – без измама.
Ако, на пример, пиете пиво или чаша вино за време на вашата диета, џвакате гума за џвакање или јадете друга храна што не е наведена, мора веднаш да ја запрете бидејќи нема да има резултати. После тоа, диетата може да се повтори само по шест месеци, не порано.
Ако сте ја издржале диетата до крај, тоа се точно 13 дена, не треба да ја повторувате во следните две години.
Кога сте гладни, пијте вода (најмалку два литра на ден).
Кафето може да се замени со чај.
Мора да користите коцки шеќер.
Специјална салата се јаде скоро секој ден, па затоа е погодно да се подготви неколку дена однапред.
САЛАТА
1 кг моркови
1 кг бела зелка
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 страк праз
За прелив:
1 дл масло
1/2 дл јаболков оцет
1/2 лажиче шеќер
1/2 лажиче сол
Измешајте ги сите состојки и прелијте ја салатата. Оставете да отстои еден час. Од време на време мешајте.
Салатата можете да ја чувате во пластичен сад во фрижидер. Може да се чува до една недела. Ако е за една личност, тогаш половина од горенаведената количина е доволна.


Данска диета – Мени по денови
I ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 2 тврдо варени јајца, спанаќ варен во вода, 1 домат
Вечера – 1 голем стек (230 гр.), салата
II ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 кришка шунка, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 голем стек, салата
III ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 тврдо варени јајца, 1 кришка шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошка
IV ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 рендан морков, 1 парче младо сирење (25гр)
V ДЕН
Појадок – 1 голем рендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба (бакалар, шкрпина, ослич – околу 230 гр.) со лимон и малку путер
Вечера – 1 голем бифтек, салата, варен целер
VI ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков
Вечера – 1/2 пиле на скара без кожа, салата
VII ДЕН
Појадок – 1 филџан чај без шеќер
Ручек – НИШТО
Вечера – 1 јагнешки котлет на скара, свежо овошје


VIII ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 кришка шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошка
IX ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 големо парче шунка, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 голем бифтек, салата, овошје
X ДЕН
Појадок – 1 филџан кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошка
ДЕН XI
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 рендан морков, 1 парче(25g) младо сирење
XII ДЕН
Појадок – 1 голем рендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер
Вечера – 1 голем бифтек, салата, варен целер
XIII ДЕН
Појадок – 1 филџан црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков
Вечера – 1/2 пиле на скара без кожа, салата

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест …